Дакар 2020 е првото издание на релито Дакар што се оддржало во Саудиска Арабија, а воедно и прво издание што се оддржало во Азија. Возачите се натпреваруваа во пет категории. Во продолжение следува анализа во ССВ категоријата.
Етапа 1:
Сирил Депре заради проблеми со болидот загуби драгоцено време и ја заврши трката со заостаток од 51:25 минути. Актуелниот шампион, Франциско Контрадо Лопез заврши на четвртото место со 6:47 минути послабо време од победникот Арон Домзала – дебитант во СхС конкуренцијата (претходно се натпреваруваше со автомобилите). Хозе Антонио Лопез Хинохо и Кејси Кери покажаа солидни перформанси завземајќи ги третата и втората позиција.
Етапа 2:
Кејси Кари, после второто место на првата етапа, денес загуби 14:33 минути, но остана како второпласиран во пласманот. Хозе Антонио Хинохо заврши на втората позиција и се искачи на третото место во генералниот пласман. Минатогодишниот победник, Франциско Лопез, победи убедливо и го превзема водството.
Етапа 3:
Одлична трка со многу минимални заостатоци. Осмопласираниот Остин Џонс заостануваше само 5:06 минути. Хинохо Лопез на петтото место имаше заостаток од 2:06, а првите четири возачи беа во интервал помал од две минути. Кејси Кари беше третопласиран со 1:37 минути побавно време од победникот Жерард Фарес, а второпласираниот Сергеј Карјакин, победникот од 2017 со четирицикл, со заостатокот од само 18 секунди се искачи на четвртата позиција во генералниот пласман.
Етапа 4:
Водечкиот во генералниот пласман, Хинохо Лопез заврши на петтото место, а веднаш зад него беше и второпласираниот Франциско Лопез – победникот во оваа категорија од минатата година. Остин Џонс беше на најниското место на подиумот (+1:14), а на четвртото место и на етапата и во генералниот пласман беше Сергеј Карјакин. Победникот на првата етапа, Арон Домзала, беше второпласиран, а победник беше младиот Американец – Мичел Гатри.
Етапа 5:
Лош ден за лидерот (после четирите етапи) Хинохо, кој изгуби цели 35 минути, а го изгуби и првото место во генералниот пласман. Сергеј Карјакин заврши на четвртото место (+9:50), а Кејси Кари заврши една позиција подоле (+12:12). Сепак, двајцата успеаја да го претекнат Хинохо во вкупниот поредок и да го спуштат до третата позиција. На оваа етапа славеше Домзала по втор пат на ова издание на Дакар, а подиумот го комплетираа Зимбабвецот Конрад Раутенбах и миленикот на домашната публика Салех Алсаиф.
Етапа 6:
Добар почеток на етапата за Алсаиф и Домзала, но на крајот и двајцата завршија со заостаток од околу дваесет минути. Франциско Лопез славеше прв пат после првата етапа, а со само 38 секунди заостаток заврши Жерард Фарес. Реиналдо Варела, победникот од 2018, беше третопласиран. Кејси Кари загуби цели десет ипол минути, но за негова среќа Карјакин загуби над половина час, па си ја осигури втората позиција со поголема предност.
Етапа 7:
Франциско Лопез заврши на 19. Место и изгуби цели 53 минути во однос на победникот Кејси Кери и му ја препушти првата позиција во генералниот пласман. На етапата, Кери славеше убедливо со голема предност во однос на конкурентите. Второпласираниот Домзала заостануваше 13:16 минути, а третопласираниот Џонс – 14:42 минути.
Етапа 8:
Победникот од 2018, Бразилецот Реиналдо Варела, славеше на етапата со 22 секунди предност пред Франциско Лопез. Остин Џонс беше третопласиран (+7:21), а Сергеј Карјакин беше на четвртото место (+8:17). Победникот на седмата етапа и водечкиот во генералниот пласман, Кејси Кери, заврши како седмопласиран (+16:45). Во генералниот пласман, Кери сè уште има одгромна предност од 15:40 минути пред Франциско Лопез и 34:29 минути пред Сергеј Карјакин. Останатите возачи заостануваат над еден час.
Етапа 9:
Кејси Кери ја зголеми својата предност со победата на оваа етапа. Карјакин беше втор (+6:57), а Франциско Лопез беше трет (+7:57). Во генералниот пласман, Лопез е втор (+23:37), а Карјакин е трет (+41:26). Останатите возачи заостануваат над еден час.
Етапа 10:
Поради неповолниот ветар и големиот број на падови, етапата беше скратена. Заради проблеми со болидот, Франциско Лопез изгуби речиси еден час. Ова најдобро го искористи водечкиот во генералниот пласман, Кејси Кери, кој беше петти на десеттата етапа, за да го зголеми својот суфицит во вкупниот поредок. Од оваа неволја на Лопез профитираше и Карјакин кој му ја превзема втората позиција во пласманот. На етапата славеше Жерард Фарес пред Остин Џонс (+1:02) и Арон Домзала (+2:07).
Етапа 11:
Доминантното возење на Франциско Лопез му ја донесе третата етапна победа на Дакар 2020 со предност од 10:53 минути пред Домзала и 12:36 минути пред Раутенбах. Карјакин и Кери се пласираа на шестото и седмото место со заостатоци од 16 и 17 минути. Во генералниот пласман, во пресрет на последната етапа, убедливо води Кери пред Карјакин (+45:33) и Лопез (+57:32).
Етапа 12:
Кери загуби дури десет минути, но не ја загуби и првата позиција во генералниот пласман. Американецот дојде до својата прва титула, а зад себе ги остави Карјакин (+39:12) и Лопез (+52:36). На последната етапа славеше Варела, пред Џонс (+3:18) и Карјакин (+3:40).
Завршен вкупен поредок:
1. Кејси Кери (53:25:52)
2. Сергеј Карјакин (+39:12)
3. Франциско Лопез (+52:36)
4. Конрад Раутенбах (+1:12:19)
5. Хинохо Лопез (+1:20:38)
6. Хесус Пурас (+2:19:15)
7. Аксел Алетру (2:24:23)
8. Остин Џонс (+2:57:38)
9. Реиналдо Варела (+5:44:01)
10. Сантијаго Наваро (+5:44:35)