Во дербито Хрватска и Шпанија одиграа 22:22, но Шпанците поради подобрата гол разлика го освоија првото место. Миленикот на вардаровите фанови Игор Карачиќ беше играчот на мечот и постигна 10 голови oд 12 обиди и го разигруваше целиот тим на “коцкестите”. Но во финишот од мечот при еден дуел со Душебаев заработи повреда на коленото и предвреме го заврши натпреварот. Нејасно е за колку тешка повреда станува збор и дали ќе може да биде подготвен за полуфиналето. Во составот на Шпанија најефикасен беше Душебаев со 6 голови.
Португалците прикажаа фантастична партија и ја здробија Унгарија со 34-26 со што ѝ направија услуга на Словенија. Со овој пораз Унгарија ја испрати Словенија во полуфинале. Белоне Мурејра со 7 голови беше најефикасен на натпреварот, додека Банхиди со 5 голови беше најдобар кај Унгарија.