Синоќа, екипата на Њу Орлеанс Пеликанс, на домашен терен, ја пречека екипата на Сан Антонио Спарс. Гостите од Тексас славеа со 117-121. Најефикасен играч на натпреварот беше ЛеМаркус Олдриџ од таборот на Спарс со триесет и два поени, четиринаесет скокови и две асистенции. Овој натпревар ќе остане запаметен по неверојатното деби на Зајон Вилијамсон, првиот пик на драфтот во 2019 кој беше избран од страна на Пеликанс. Вилијамсон, во првите три четвртини постигна пет поени, а врвот на дебито го имаше во последната четвртина. Во овој дел од натпреварот, поранешниот играч на колеџот „Дјук”, постигна седумнаесет поени во низа и тоа 4/4 шутеви за три поени. Освен постигнатите поени, на своето конто додаде и седум скокови и три асистенции.