Најголемиот шоумен на тениските терени, Ник Кирјос, по четврти пат во кариерата се пласира во третата рунда на неговиот домашен грен-слем – Аустралиан Опен. Овој пат, 26. пласираниот тенисер на АТП листата дојде до ова достигнување елиминирајќи го Французинот Жил Симон. Австралиецот победи со 3-1 во сетови (6-2, 6-4, 4-6, 7-5) во исклучително интересен и неизвесен натпревар. Потезите на Кирјос не ја оставија публиката рамнодушна која го награди со стоечки овации. Во третата рунда, Кирјос ќе се соочи со Карен Хачанов кој во маратонски меч го совлада Микаел Имер преку супер тај-брејкот во петтиот сет.