ШТО ПРЕТСТАВУВА ФУНКЦИОНАЛЕН ТРЕНИНГ ?
Овој вид на вежбање може да се изведува поединечно и во групи. Функционалниот тренинг се состои од вежби кои ги опфаќаат сите мускули на телото како што се : грбни мускули, стомачни мускули, мускули на нозете и рацете. Функционалниот тренинг нуди вежби кои вклучуваат комбинација од: дополнителни направи за вежбање како што се тегови, кетбел, степер клупи, медицинки топки и вежби со отпор на сопственото тело како што се чучнувања, исчекори, скокови, штица, склекови
Во една серија вежби се вклулучваат повеќе мускулни групи.
ИДЕАЛНО ЗА СЕКОГО!
Една од најголемите придобивки на овој тренинг е што секој може да го применува без разлика дали е спортист или аматер. Со насоки од стручен тренер при изведување на интензитетот и правилност на вежбите секој ќе го почувствува позитивниот ефект од функционалниот тренинг.
ПРИДОБИВКИ И ЕФЕКТИ ОД ФУНКЦИОНАЛЕН ТРЕНИНГ
Најголемата придобивка од секое вежбање е подобрување на кардиоваскуларното здравје. Потоа следуваат следните ефекти
Подобрување на брзината и агилноста
Зголемување на еластичноста на телото
Согорување на масти
Зголемување на силата
Подобрена кондиција
Помага на мускулите да се заштитат од повреди
Промена на телото
Подобрување на состојби како што се болки во грбот, колената и вратот.
Функционалниот тренинг може да се применува со сите возрасни категории.
Особено е важно што вежбите од ваквиот вид на тренинг многу помагаат при секојдневно функционирање во работните обврски на човекот. За висок процент се подобрува квалитетот на животот на човекот
ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ДА СЕ ПРИКЛУЧИТЕ НА ГРУПИТЕ ЗА ВЕЖБАЊЕ ВО ФОРМА ВИТА?