Во третата рунда од Аустралиан Опен, на програмата се шеснаесет натпревари кои се распоредени во два дена. Денес се одиграа првите осум дуели, а дури шест тенисери победија без загубен сет.
Ѓоковиќ го елиминира Јошихито Нишиока со 6-3, 6-2 и 6-2 по сетови закажувајќи си двобој против Диего Шварцман во осмина-финалето. Шварцман славеше со идентичен резултат против Србинот Душан Лајовиќ.
Мартон Фучович и Тенис Сандгрен покажаа солидни перформанси совладувајќи ги Томи Пол односно Сем Квери со по 3-0. Со ист резултат славеше и Фабио Фоњини над Гуидо Пеља.
Маратонски дуел одиграа Марин Чилиќ и Роберто Баутиста-Агут. Дуелот влезе и во петтиот час од своето времетраење, а Хрватот победи со 3-2 (6-7, 6-4, 6-0, 5-7, 6-3).
Најзвучниот натпревар на денот го одиграа Стефанос Циципас и Милош Раониќ. Сепак, дуелот заврши со лесна победа на Раониќ од 3-0 (7-5, 6-4, 7-6).
Џон Милман и Роџер Федерер го одиграа вториот маратонски меч од денешната програма. Најпрво Милман поведе со 1-0 (6-4), а Федерер за кратко направи пресврт освојувајќи ги наредните два сета со 7-6 и 6-4. Австралијанецот го возврати ударот во четвртиот сет добивајќи го со 6-4 и израмнувајќи на 2-2 во сетови. Налетот на Милман беше спречен во супер тај-брејкот на петтиот сет. Федерер имаше негатива од 8-4, но со шест врзани поени успеа да дојде до победата.
Во утрешните дуели ќе се соочат:
Тајлор Фритз – Доминик Тим
Давид Гофан – Андреј Рубљев
Џон Иснер – Стен Вавринка
Ник Кирјос – Карен Хачанов
Данил Медведев – Алексеј Попирин
Гаел Монфис – Ернестс Гулбис
Рафаел Надал – Пабло Карено-Буста
Фернандо Вердаско – Александер Зверев