Сондерјиске игра во одлична форма и по победата над Саеби од 41:23 тимот се проби кон третата позиција и има шанси да разигрува за Плејофот и пласманот во најдобрата Данска лига.
За одличните резултати на тимот се заслужни македонските интернационалки Сара Митова и Драгана Петковска. Во крајниот количник на натпреварот Митова имаше 6 постигнати гола и беше главен двигател кон позитивниот резултат на тимот.