Радио Бубамара го објави постерот за 23-то на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“. Постерот во духот на слоганот за оваа година „Нема Правда , има Бубамара“ е дело на Ивица Спасовски кој исто така и во 2013 година го изработи постерот за оваа манифестација.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба од наредната недела,преку www.mktickets.mk и на уште едно продажно место за кое ќе има точна информација наредната недела.Како и секоја година интересот за билети е преголем како и секоја година кога билетите беа продадени за само 45 минути. Настанот ќе се одржи во Арената БОРИС ТРАЈКОВСКИ на 27. февруари 2020.