Драги наши верни и идни кампери, почитувани родители и пријатели,
Со особена чест и задоволство Ви го најавуваме шестото издание на ракометниот камп кои ги урива сите рекорди кога е во прашање неговата организација и реализација. Камп на капитенот на македонскиот национален тим, најдобар македонски спортист, најдобар стрелец на сите времиња, најдобар десен бек , нашата гордост Кирил Лазаров.
Ако ракометот е твојот сон, ајде заедно да го сонуваме, да се забавуваме, дружиме, да создаваме камперски спомени…
Од првиот камп во 2015 секое лето Кире живее со децата 24 часа, , подготвен целото негово знаење кое го стекнал во својата пребогата интернационална спортска кариера да го пренесе на младите во нашата Македонија. Седум дена поминати на тренинг со Кирил Лазаров и неговиот тим од тренери, седум дена дружење, едукација, квалитетна надградба во секоја смисла е најдобро поминато слободно време за нашите млади ракометари. Ракометари кои во иднина треба да прераснат во врвни спортисти и добри личности. Дел од нив кои биле наши кампери веќе ги бранат боите на Македонија што нас не прави посебно горди.
Да доживееме 7 незаборавни денови заедно со нашиот капитен Кирил Лазаров
Изминатите пет години на нашиот камп поминаа повеќе од 1400 учесници, голем дел од Македонија но и ракометари од цела Европа. Насмевката на нивните лица, задовоството кај нивните родители е наша најголема награда и потврда дека работите се одвиваат во вистинска правец на задоволство на сите, не заборавајќи дека секогаш може подобро. Ветувањето дека повторно ќе се видиме и следната година е вообичаен поздрав на нашите кампери на крајот на секој камп.
Во јуни 2020-та година Капитенот ќе го реализира својот шести јубилеен ракометен камп. И оваа година кампот ќе се одржи во две смени и тоа:
- Прва смена од 19 – 25 Јуни 2020 година,
- Втора смена од 25 – 01 Јули 2020 година.
Кампот е еден вид на база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба од повеќе аспекти и насоки (во делот на спортот, едукација за здрава исхрана, спортски бон-тон, градење на индивидуата за доброто на колективот) . Во период од седум дена секое лето најдобриот светски десен бек Кирил Лазаров, сегашни и бивши репрезентативци и големи имиња од светот на ракометот и наједуцирани македински и европски тренери имаат свое место во мозаикот на ракометниот камп. Според програмата која е предвидена сите членови на кампот ќе имаат максимални услови, опрема и стручна помош за усовршување, здравствена заштита и нега, едукативни предавања на теми кои им се неопходни во овој период на нивниот живот, дружење и многу забава.
Комплетна понуда на шестиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“:
- Седум дена ракомет и дружење со најдобриот светски стрелец и капитен на македонскиот национален тим:
Седум дена со човекот кој во неклку години беше прогласуван за најдобриот десен бек во светот на ракометот и најдобриот македонски спортист, кој со своето ракометно и животно искуство има што да им (по)каже на нашите идни ракометни ѕвезди. Тренинзи со најдобрите македонски тренери и ракометари и тренерски и играчки гости од странство.
„Од 19 јуни до 1 јули во најубавиот Охрид“
- Сместување и тренинг програма:
Учесниците на кампот ќе бидат сместени воХотел „Аквалина – Охрид
7 дена (6 полни пансиони) во хотел со 4****, сопствени терени за реализација на комплетната програма на тренерскиот тим, сопствена плажа за незаборавни моменти и прекрасна местоположба а од ова лето и базен кој ќе придонесе за поефективно трошење на слободното време , повторно во духот на спортот и добрата забава.
- Врвна спортска опрема:
Секој учесник на кампот добива комплет спортска опрема од врвен производител за тренинг и за часовите кога не сме на терен.
- Превоз за секој учесник:
Организаторот на кампот е обврзан да обезбеди превоз за секој учесник на кампот кој живее во Македонија. Превозот ќе се реализира од повеќе локации низ државата до Охрид и назад.
- Комплет систематски преглед и медицинска подршка 24/7 за време на одржување на кампот од тимот на доктори на „Жан Митрев Клиника“:
Учесниците од Македонија пред одржување на кампот ќе подлежат на комплет медицински преглед од нашиот медицински партнер, Жан Митрев Клиника. Исто така, за време на одржување на кампот овозможена е комплетна медицинска подршка со тим од медицински лица од нашиот партнер, 24 часа на располагање за потребите на секој учесник, 14 дена медицинско обезбедување.
- Специјална исхрана за млади категории спортисти:
За потребите на високиот ритам на тренинзи предвидена е специјална програма на исхрана за млади категории, подготвена од тим на искусни професионалци во областа на спортот и нутриционизмот.
- Предавања на врвни македонски и странски предавачи
За време на кампот се одржуваат повеќе предавања во насока на едукација на нашите учесници во делот на правилна спортска исхрана со Проф. д-р Ванчо Поп-Петровски..
…спортска психологија со Проф. д-р Ленче Алексовска, спортски бон-тон, начин на однесување на поединецот како дел од тимот итн.
- Дружење, разгледување на прекрасниот Охрид, часови по пливање
Во текот на седум дена ракометен камп, покрај двојната доза тренинзи, нашите кампери ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со капитенот Кирил Лазаров како и со деца од целиот свет, да научат да пливаат и веслаат со лиценцирани тренери итн.
Со брод да го прошетаат Охридското езеро и накусо да се запознаат со Балканскиот Ерусалим – Охрид, дружење, забава и на крај на сладолед во „Летница“
- Осигурување за секој учесник:
Секој учесник на кампот ќе има комплетно осигурување за време на одржување на кампот, овозможено од официјалната осигурителна компанија на кампот, Евроинс Осигурување.
- Сертификат за учество на кампот:
Секој учесник на кампот ќе добие сертификат за учество на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ „заверена“ од капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на францускиот Нант, Кирил Лазаров.
Цена и услови на плаќање:
Цената за учество на кампот е 16500 денари* со можност за плаќање на повеќе рати врз основа на датумот на пријава. Можноста за плаќање на четири рати важи за пријававување до 1 Март 2020 година плаќањето и е по следниот распоред:
– Прва рата од 4500 денари, во рок од 7 (седум) дена по поднесување на пријавата,
– Втора рата од 4000 денари, најдоцна до 1-ви Април 2020 година,
– Трета рата од 4000 денари, надоцна до 1-ви Мај 2020 година,
– Четврта рата 4000 денари, најдоцна до 1-ви Јуни 2020 година.
*Забелешка: За секое откажано учество на кампот по терминот 15 Мај 2020 година ја задржуваме првата рата. Учестникот официјално е пријавен со уплата на првата рата и потврда дека се согласува со условите за учество на кампот.
Се гледаме во Охрид!
Агенција КМГ Спорт,
Организатор на Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“