Хјустон Рокетс, на свој терен, ја пречекаа екипата на Бостон Селтикс којашто е третопласирана во Источната конференција. Домаќините славеа со 116-105 воедно пекинувајќи две серии. Најпрво, ја прекинаа својата лоша мини-серија од два врзани порази, а исто така, ја прекинаа и серијата на Бостон од седум последователни победи. Најефикасен играч на натпреварот беше Џејмс Харден со 42 поени, 8 скокови и 7 асистенции, додека единствен играч со дабл-дабл учинок беше неговиот клупски колега, Расел Вестбрук со 36 поени, 10 скокови и 5 асистенции.