Синоќа, во „Пепси Центер“ среде Денвер, домашните Нагетс ги пречекаа Лос Анџелес Лејкерс. Двете екипи одиграа неверојатен натпревар кој мораше да биде решен после продолжение. Во регуларниот дел, резултатот изнесуваше 111-111, а во последната секунда, ЛеБрон Џејмс имаше шанса да стави точка на натпреварот, но неговиот шут беше непрецизен. Во продолжението паднаа релативно малку поени, па натпреварот заврши со 116-120 во корист на Лејкерс. ЛеБрон Џејмс имаше трипл-дабл учинок со 32 поени, 12 скокови и 14 асистенции, а најефикасен играч беше Ентони Дејвис со 33 поени, 10 скокови и 2 асистенции. Освен Дејвис, уште три играчи имаа дабл-дабл учинок: Џамал Мареј, Никола Јокиќ и Двајт Хауард.
Ситуацијата на табелата остана непроменета во однос на позициите и после овој натпревар – Лејкерс се првопласирана екипа на Западот, додека Денвер го зазема второто место.