Трајче Китановски, дечкото кој условно кажано е главен „виновник“ за овој хумористичен проект („Аматери за Хумор“) кој полека, но сигурно станува бренд, излезе со најново видео кое е изработено во поинаков стил – стенд-ап комедија. Првата тема обработена по новиот стил е градскиот сообраќај односно видеото наречено „Автобуси 1-дел“. По самиот наслов, Трајче најавува дека ќе има и втор дел од овој серијал . За што поточно станува збор, можете и сами да погледнете на линкот во прилог. Не заборавајте да се претплатите на каналот на „Аматери за Хумор“ и доколку ви се допаднат видеата – да ги лајкнете и да ги споделите.