Екипите на Бафало Сејбрес и Торонто Мејпл Лифс се соочија во рамките на синоќешниот програм на НХЛ. После „сиромашната“ прва третина, во втората третина паднаа три погодоци. Бафало поведе со 2-0 преку Јохан Ларсон и Конор Шири, а Торонто намали на 2-1 со голот на Јегор Коршков. За поранешниот играч на Локомотив Јарослављ, ова беше дебитантски настап, а воедно и дебитантски гол во НХЛ. На почетокот на третата третина, Торонто успеа да израмни на 2-2. Израмнувачкиот погодок беше дело на Зек Хајман кој го запиша својот осумнаесетти гол сезонава. Во продолжение следуваше неверојатна серија на домаќините кои постигнаа три погодоци за само деведесет секунди и го поставија конечниот резултат од 5-2. Победата на Бафало му ја донесоа Џек Ејхел, Кајл Окпосо и Џими Весеј.
После овој натпревар, Торонто сè уште има шанси за плејоф наоѓајќи се на деветтото место, а Бафало е дванаесеттопласирана екипа во Источната конференција.