Пораз и победа на кадетите Македонија по одигрување на првиот натпреварувачки ден на медитеранскиот шампионат во Атина.
Нашата репрезентација загуби во првиот натпревар од Шпанија со резултат 21:14, додека совладана беше репрезентацијата на Мароко со резултат 21:17.
Македонија 21-17 Мароко
Македонија: Ацевски, Димевски, Крстевски, Чакалиќ 5, Ѓоргоски 1, Митев 7, Митрески, Димовски 4, Ташев 2, Спасовски, Стојчевиќ, Трајковски, Савревски 1, Димитриески 1, Тодески
Денес репрезентацијата продолжува со настапот на медитеранскиот шампионат, а противници се репрезентациите на Тунис во 11:00 часот и Хрватска во 14:45 часот.