Детроит Пистонс на домашен терен ги пречекаа Милвоки Бакс во првиот натпреварувачки ден после „Ол-Стар“ натпреварувањето. Гостите од Висконсин славеа со 106-126 предводени од Јанис Антетокумбо со 33 поени, 16 скокови и 4 асистенции.Одлични партија имаа уште тројца играчи на Милвоки – Крис Мидлтон со 28, Ерик Бледсоу со 19 и Брук Лопез со 18 поени.Најефикасен играч на Детроит беше Кристијан Вуд со 18 поени, 11 скокови и 1 асистенција.
Детроит го запиша петтиот пораз во низа (вкупен учинок од 19-39) и падна на дванаесеттото место во Источната конференција, додека Милвоки е првопласиран со учинок од 47-8.