Дербито на колото од синоќешната НБА програма го одиграа екипите на ЛА Клиперс и Денвер Нагетс кои се изедначени во борбата за второто место на Западот. Клиперс ја искористија предноста од домашен терен и победија со убедливи 132-103 откако водеа низ цел натпревар. Од тринаесетте играчи на Клиперс, дури единаесет се запишаа во листата на стрелците, а најубедлив беше Пол Џорџ со дваесет и четири поени, а веднаш по него следуваше Каваи Ленард со деветнаесет поени. Од тимот на Денвер, најефикасен беше Никола Јокиќ со дваесет и еден поен, девет скокови и две асистенции.
Со оваа победа, Клиперс и Денвер се израмнија на второто место со учинок од 40-19.